Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го критикуваше упадот на руски беспилотни летала во романскиот воздушен простор за време на нападот врз соседна Украина во саботата, нарекувајќи го неприфатлив и обвинувајќи ја Москва за „неодговорна ескалација“.
„Нарушувањето на романскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала е уште едно неприфатливо кршење на суверенитетот на земја-членка на ЕУ“, напиша Каја Калас на платформата X.
Според нејзино мислење, оваа „неодговорна ескалација ја загрозува регионалната безбедност“.
„Изразуваме солидарност со Романија“, додаде Калас.
Романија во саботата соопшти дека беспилотно летало го нарушило романскиот воздушен простор за време на рускиот напад врз инфраструктурата во соседна Украина, неколку дена откако Полска го осуди влегувањето на руски беспилотни летала на полска територија.
Романската војска испрати два борбени авиони Ф-16 за да ја следат ситуацијата во врска со бомбардирањето на украинската територија. Тие открија беспилотно летало во романскиот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана.
Авионот бил следен сè додека не исчезнал од радарот.
„Бронтот не летал над населени места и не претставувал непосредна закана за населението во Романија, која, како и Полска, е членка на НАТО“, соопшти министерството.