Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас информира дека процесот на проширување на ЕУ мора да се забрза за Западен Балкан бидејќи тензиите растат.
Калас во изјава за новинарите во пресрет на денешниот Самит на Советот за надворешни работи на ЕУ истакна дека имала одличен разговор со лидерите на земјите од регионот.
„Вчера имавме многу добра вечера со лидерите на Западен Балкан, разговаравме за се. Гледаме дека тензиите растат и дефинитивно мораме да го забрзаме процесот на проширување бидејќи тоа е нешто што е можно. Затоа е неопходно да се забрза“, кажала Калас.
Денеска на Самитот на Советот на Европската унија во Луксембург меѓу другото ќе се разговара и за Западен Балкан, а Калас ќе зборува и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.