Калас: САД не ја ценат премногу ЕУ

од Nikola Popovski
25 прегледи

Каја Калас, шефицата на европската дипломатија, смета дека САД немаат високо мислење за ЕУ ​​како политичка институција.

„Дури ниту лидерите на ЕУ немаа никакви средби на високо ниво со претставници на САД, можеби затоа што Америка не ја цени многу Унијата како институција“, рекла Калас во интервју за естонската „ТВ ЕРР“.

На овој начин таа одговорила на прашањето зошто не успеала да издејствува средба во четири очи со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност додала дека сепак се состанала со него и дека долго разговарале на телефон.

Слични содржини