Калас: Убивањето цивили што бараат помош во Газа е неоправдливо

Сите опции остануваат во игра ако Израел не ги исполни своите ветувања“, порача еврокомесарката Калас на Х.

од desk2
19 прегледи

Европската Унија побара денеска од израелската војска да престане да убива палестински цивили што се обидуваат да дојдат до хуманитарна помош, а ОН предупреди за можните тешки кршења на меѓународното право.

„Убивањето цивили што бараат помош во Газа е неоправдливо“, напиша еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас на својот профил на социјалната мрежа Х, известувајќи дека разговарала со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар.

„Зборував повторно со Гидеон Саар за да го потсетам на нашето поимање за доставата на помошта и јасно напоменав дека израелските одбранбени сили мора да престанат да убиваат луѓе на дистрибутивните пунктови.

Сите опции остануваат во игра ако Израел не ги исполни своите ветувања“, порача еврокомесарката Калас на Х.

ЕУ пред две седмици објави дека е постигнат договор со Израел за подобрување на испораката на хуманитарна помош за Газа.

Речиси 30 држави го осудија Израел за „нечовечни убиства“ на цивили во Газа

Слични содржини