Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ќе ги посети Србија, Косово и Македонија од 21 до 23 мај, како дел од нејзината втора посета на Западен Балкан, соопшти Европската служба за надворешни работи.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, Калас во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.
Дополнително, Калас и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следи по склучувањето на билатералниот Договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.
Предвидено е и Калас во придружба на министерот за одбрана Владо Мисајловски да ја посети постојаната Балканската медицинска работна група.
Во рамки на посетата на Скопје, како што најави ЕЕАС, Калас ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации од земјава.