Ако на крајот излезе дека Данела Арсовска понесе победа со големо водство тогаш причините се подлабоки кои ќе треба да се анализираат подлабоко.Мислам дека на овие избори победи демократијата, вели во отвореното студио на 24 ТВ, Снежана Калеска-Валчева од СДСМ.
Од обработени околу 40 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 56,86 проценти.
Петре Шилегов од СДСМ има 39,64 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.