Калеска-Валчева: Оставката ми е горчлива, Заев покажа дека има капацитет

од Берта Китинска
1,7K прегледи

Во отвореното студио на 24 ТВ,  Снежана Калеска-Валчева од СДСМ, вели дека  е разочарана од оставката на лидерот на  СДСМ, Зоран Заев.

-Знаете што ако треба да кажам кое е моето чувство од аспект на оставката ми е горчлива јас се уште мислам дека тој човек многу покажа има големо срце и капацитет и навистина сум разочарана, но не сум изненадена заради одлуката тој и сам рече дека ако граѓаните не не поддржат тој ќе си даде оставка,кажа Калеска-Валчева.