За клучни прашања, кои ја засегаат иднината на државата, логично и очекувано е да се одржуваат лидерски средби и тоа токму во законодавниот дом, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
Калеска Ванчева додаде дека не постои друг формат кој би одговорил адекватно на она пред кое што сме исправени во моментот, а тоа е европската иднина на државата и како и на кој начин ќе ја градиме оваа држава.
-Одговорноста е пред се мора да биде кај сите политички субјекти особено оние што се застапени во парламентот, нагласи Калеска Ванчева.
Пратеничката Калеска Ванчева нагласи дека клучно е што се одржа лидерската средба во законодавниот дом и тоа е формат во кој треба да се решаваат клучните проблеми, ако се седне на маса и се говори со аргументи, на крајот ќе се дојде до решение.
-Не треба да има дилема, цела јавност е запознаена што стои во преговарачката рамка, што стои во заклучцоите донесени во собранието, без ВМРО-ДПМНЕ, што претставува скринигот и што е последниот политички критериум што трба да го направиме, за да можеме веќе во ноември 2023 година да ги отвориме првите поглавја, а тоа сведено на влез на Бугарите, заедно со Хрватите и Црногорците како посебен народ во Уставот на Република Северна Македонија и тоа е она за што треба да разговараме, порача Калеска Ванчева.
Пратеничката Калеска Ванчева нагласи дека Македонија помина многу препреки, но сепак стигна до тука и ги почна преговорите со ЕУ и жалосно е да не се сфати овој историски момент и да се помине и последната препрека.
-Оваа препрека не е никаква опасност, туку е само наше богатство. Уставните измени одат во наш прилог, не во прилог на Бугарите. Ако Бугарите влезат во Преамбулата на Уставот засекогаш ќе биде запечатено дека Македонците и Бугарите се два различни ентитета, рече Калеска Ванчева.
Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева нагласи дека конечно паднаа сите маски и лаги на опозицијата дека е загрозен македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
-После 31 година независност и 17 години од добивањето на кандидатскиот статус, топката е во наши раце и од нас зависи дали ќе ги отвориме поглавјата на начин кој што апсолутно не носи ништо лошо за оваа држава и за македонскиот јазик и идентитет, порача Калеска Ванчева.