261
Апсолутно нема, ниту имало, ниту ќе има таква опасност Гоце Делчев да „падне“, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева како одговор на прашањето дали владата преговара за ликот и делото на најпознатиот македонски револуционер.
Според неа, одговорот е едноставен.
-Не постои Македонец кој што не се гордее со Делчев и останатите револуционери. За тоа не се дебатира. Сите комити се врежани во нашата колетивна свест. Тоа е длабоко во корените. Делчев е нешто свето за нас. Зар треба со Декларација во Собранието да го потврдиме тоа. Дали утре ќе треба Декларација и за Сандански и Мисирков?, прашува Ванчева во гостувањето на емисијата „Само вистина“, потенцирајќи дека со Бугарија не се преговара за македонскиот идентитет.