Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева денеска од собраниската говорница побара од ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните.
-Падна сите лаги и манипулации. Денеска во Собранието, Фон дер Лајен јасно и гласно кажа дека без сомнежи, македонскиот јазик е наш, чист и заштитен јазик. Што е лага и манипулација? Лага и манипулација е дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект. Тој не е дел од бугарски дијалект. Лага е дека Македонците ќе го изгубат идентитетот со преговарачката рамка. Не е точно. Нашиот идентитет не бил изгубен со векови, ние сме Македонци со наш јазик и така ќе останеме и влеземе во ЕУ. Сите лаги и манипулации нека служат на чест, изјави Калеска-Ванчева во Собранието, на седницата за разгледување на францускиот предлог.