1,1K
Мислам дека СДСМ има коалициски капацитет кој го покажала и го докажала и тој се базира на платфрма, кажа Снежана Калеска Ванчева од СДСМ во Топ Тема во однос на тоа дали имаат сигурност во владините партнери, за утрешното гласање за недоверба на владата.
-На локалните избори покажавме дека имаме демократски капацитети дел од владините партнери рекоа дека сакаат да одат самостојно во некои општини.Не може да збориме за „откажаната љубов“ на БЕСА, ситуацијата од момент во момент се менува.Може некој од партениците да се предомисли и да не гласа за недвореба на оваа влада, вели Калеска Ванчева.