Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка побара оставки да поднесат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски и Игор Јанушев, поради, како што вели, по признанието на високи партиски функционери во судскиот случај „Титаник“.
-Има пратеници од актуелниот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ директно поврзани со тоа време и тоа раководство. Николоски, Милошоски, Мисајловски и Јанушев се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле законите, се злоупотребувале парите на граѓаните, се вршело поткуп при гласање и други изборни нерегуларности. Треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност, изјави Калеска-Ванчева.
Пратеничката побара сите актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од тогашниот режим мора да се извинат пред граѓаните и да се повлечат.
-Едно е јасно, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски, рече Ванчева од Собранието.