Калеска Ванчева: Пендаровски обединува, Силјановска кочи

од Nikola Popovski
253 прегледи

Актуелниот претседател и кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски во изминатите 5 години покажа дека е фактор на обединување, додека Силјановска е симбол на онаа опозиција, која го кочи патот кон ЕУ, рече синоќа пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева во емисијата „24 Анализа“.

-СДСМ никогаш немала проблем со конзистентноста во она што значи национални политики за да ја приближат оваа држава, да биде еден ден членка на ЕУ, истакна таа.

Коментирајќи ја последната изјава на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, нагласи дека и Вашингтон препознава дека не сите во оваа држава имаат јасна слика како и во кој правец треба да се движи државата, со која брзина и на кој начин.

-Мислам дека оваа изјава е токму во таа насока и не е ниту наивна ниту случајна, рече Калеска Ванчева, додавајќи дека евроинтеграцијата и борбата против корупцијата се процеси кои мораат да одат паралелно, тоа го кажуваат и од Вашинготн и од Брисел, но тоа е нешто што сите граѓани јасно го кажуваат и го очекуваат.

Калеска Ванчева истакна дека граѓаните се многу паметни и многу добро знаат да направат разлика дали некој зборува реторички, дали некој делува.

-Јас и мојата патрија сме сигурни дека ќе ја формираме новата влада, а единствен услов што треба да биде поставен од било кој политички субјект, што сака да биде во влада е како до 2030 година да станеме полноправна членка на ЕУ, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Слични содржини