Калеска-Ванчева: Пописот е целосно успешен, да не биде предмет на политичарите

од Nikola Popovski
280 прегледи

Вербата во фактите и институциите треба да биде примарна. Многу е јасна изјава на портпаролката на Европската комисија и таа вели дека законот и методологијата е согласно ЕУРОСТАТ и тоа го поврдува тоа што го говоревме на почетокот. Пописот е успешен, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева за резултатите од пописот.

Според неа, ова се првични резултати од ДЗС.

-Понатаму следи анализа на сите резултати, па имате вкрстување. Тоа треба да биде предмет на експертската јавноста, а не на политичарите. Ова е од огромна важност статистичка операција. Ова покажува дека нашето општество е премногу исполитизирано. Сите политички чинители на ваков или онаков начин некако придонеле оваа статистичка операција биде анализирана од политички аспект, што не е дозволено. И сега наместо да се соочиме факти, ние одиме со нешто што се вели политизирање за дневно политички цели, потенцира Калеска-Ванчева во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини