Калеска-Ванчева: Пописот нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
442 прегледи

„Попис на населението ќе има идната година во април, бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата. Во 2021 година следува успешна статистичка операција спроведена според најдобрите стандарди на ЕУ. Пописот, како статистичка операција, според највисоките меѓународни стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика“, вели денеска Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

„Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери“, вели таа.

Слични содржини