Калеска-Ванчева: Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација во интерес на граѓаните

од Aleksandar Petrovski
120 прегледи

Во собраниска процедура влегува Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација, истакна пратеничката Снежана Калеска Ванчева.

Новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област.

Со него, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.

Преку новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција.

Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, е важно законско решение кое во интерес на граѓаните, на иднината на нашата држава, но и на целокупното општество.

Затоа, ги повикуваме пратениците од сите политички партии во Собранието да застанат зад овој предлог, да добиеме ново ефикасно законско решенија, кое ќе обезбеди целосна заштита од секаков вид на дискриминација.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на сите категории граѓани, рече Калеска Ванчева.