Калеска-Ванчева: Провокациите од опозицијата се дел од сценариото за нивната активна блокада и провоцирање за предвремени избори

од Берта Китинска
345 прегледи

Жестоките препукувања помеѓу пратениците во Собранието траеа до полноќ.

Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.

-Никогаш нема да се согласам и оправдам били каков вид на насилство и од било кого. Нема оправдување за однесувањето на пратеничките и пратениците кои синоќа на ЗПК, чија претседателка сум јас, вршеа флагрантна злоупотреба на пратеничката функција и непочитување на деливникот, вели во изјава за „Локално“, пратеничката Калеска-Ванчева.

Таа појаснува дека секогаш ќе биде на линија на демократијата, правото на слободно изразување и искажување на сопствените ставови за било кое прашање, но и за целисно почитување на Уставот, Законите кога станува збор за Собранието, почитување на деловникот за работа.

– Со вербални наоади, омаловажувања, дискредитации и вербално насилство пратениците од опозицијата, синоќа и завчера сакаа да спречат одржување на седницата и вистинска материјална расправа, вели пратеничката од СДСМ.

Калеска-Ванчева смета дека инцидентот со Арбер Адеми се случил како последица на тешките, континурани провокации и навреди и оневозможувања за нормално работење на комисијата.

-Јас жалам што колегата Адеми во еден момент не успеа да се воздржи и во афектна ситуација го стори тоа што го виде целата јавност. Веќе реков и повторно ќе кажам дека осудувам било каков чин на непристојно или насилно однесување, од било кого, но длабоко сум убедена дека ова се случи како последица на тешките, континурани провокации и навреди и оневозможувања за нормално работење на Комисијата. Зошто ова го прави опозицијата е дел од сценариото за нивната активна блокада и провоцирање за предвремени избори, но во конкретниов случај, повеќе е да се спречи редовното функционирање на судовите и оневозможување да продолжат со редовен, согласно закон континуитет на одржувања на судските рочишта од интерес на ВМРО, подвелкува Калеска-Ванчева.

Б.М.

Слични содржини