Тоа е личен став и лична одлука на Шекеринска.Таа е човекот и жената која се има дадено на социјалдемократијата .Жена која се има вложено од своите млади години и таа ќе биде забележана како исклучителен политичар и во последните 4 години како жена министер во одбрана во чие водство нашата земја стан членка на НАТО, рече актуелната пратеничка од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева во „Само Виситина“ во врска со повлекувањето на Шекеринска од министерската функција.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема да биде дел од новата Влада.
– За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шекеринска.