Најпрво сакам да кажам дека пописот на населението, домаќинствата и становите којшто после 20 години конечно се одржа во нашата држава е голем успех за граѓаните на државата, голем успех за државата воопшто, изјави пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева за објавените резултати од спроведениот попис.
Ванчева потврди дека како пратеници на СДСМ од самиот почеток биле конзистентни дека пописот е неопходен и пописот конечно мора да се случи.
-Можам да кажам дека сме навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години, за прв пат комбиниран попис којшто се спроведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен кога 99 % ќе бидат попишани. Тоа е резултат со којшто не можат да се пофалат ни многу развиени европски држави, кажа пратеничката на СДСМ.