„Со цел што полесно да се помине најтешката зима на енергетски план, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима. Овој план е со цел потрошувачката на електрична енергија да се намали за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, првенствено за да се намалата трошоците за струја, а потоа и електричната енергија да биде достапна секому и секогаш“, вели на прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка на СДСМ.
„Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи.
И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја“, истакна таа.