Калеска Ванчева: Треба да сфатиме дека сме парламентарна демократија и мултиетничко општество и на избори народот кажува кој ќе прави влада

од Nikola Popovski
256 прегледи

„Овие месец дена уште позасилен е наративот дека СДСМ е потчинет, дека ние сме кираџии во сопствената кука. Тоа е навистина толку небулозно и треба да сфатиме дека сме парламентарна демократија и мултиетничко општество и на избори народот кажува кој ке прави влада. Не е работата некој да биде потчинет, а некој надреден. Треба да сфатиме дека имаме заедничка одговорност и ако имаме коалициона влада, сите имаат одговорност,“рече пратеничката од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

За претседателот Талат Џафери, посочи дека тој има свој придонес во функционирањето на собранието и тоа во навистина тежок период, во време на пандемија, во време на економска и енергетска криза кога многу работи требало да поминат на собрание, а од друга страна имаше и активна блокада од ВМРО -ДПМНЕ , но сепак и покрај тоа се собранието успеа да донесе клучни закони и мерки за граѓаните и општеството.

Слични содржини