Калеска-Ванчева: Веќе го имаме клучното со францускиот предлог

од Nikola Popovski
241 прегледи

Она што сме се залагале и за што генерации го потврдиле е дека нашето место е во ЕУ и НАТО. Ние веќе го отфрливме првиот предлог затоа што беше неприфатлив и не беше потребно да се стави на широки консултации, вели пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.

Според неа, има промена во францускиот предлог.

-Го почитувам секое мислење од луѓе докажани во својата експертиза. Го поздравувам тоа што конечно е објавен на македонски јазик. Овој предлог заслужува вистинско внимание и не треба да го отфрламе и да даваме несодржани квалификации. Прв предлог кој што има сушствена разлика, најмногу во македонскиот јазик, кој што е без фусноти и задршки. Ние веќе го имаме клучното со овој предлог. Тоа е многу јака основа како ќе постапиме. Треба да се продолжи процесот и тоа да се прави транспарентно. Се соочуваме со реакции поттикнати од опозицијата, додаде Калеска-Ванчева.

Слични содржини