За несреќата во болницата во Тетово, не може да се каже дека здравствениот систем потфрлил, особено не во една ваква рана фаза, кога се уште не е завршена истрагата, кажа пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Патот кон на Алсат .
-Не постои човек во државата што со нетрпение не го очекува резултатот од истрагата, да видиме дали се работи за системска грешка, дали се работи за човечка грешка или за нешто друго. Тоа е одговорот што мора да го бараме низ институциите, што имаат одговорност за такво нешто.Самото поднесување на оставките и она што е наведено во нив отсликува дека не можеме да говориме за непостоење на етика и морална одговорност. Тие ја чувствуваат таа одговорност и затоа ја поднеле таа оставка, тоа врвен морален чин .Но, сега Владата, односно претседателот на Владата е тој што треба да процени дали во овој момент е висок приоритет фокусот да биде даден на моралната и етичката одговорност и да заминат од функциите и да бидат поставени други луѓе или фокусот треба да биде даден на она што значи спроведување брза ефикасна сеопфатна истрага, којашто ќе ги даде резултатите, рече Калеска Ванчева.
Таа нагласи дека опозицијата ја манипулира јавноста, а постапката за оставките е јасно опишана во Уставот, законите и деловникот на Собранието.
-Опозицијата прави политизација, кога на ваква трагедија се обидуваат максимално да извлечат политички поени и не е тоа прв пат, се прави политизација од се, а тоа особено го гледаме од почетокот на пандемијата со коронавирусот, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.