Калеска Ванчева: За само четири години минималната плата порасна за над 6.000 денари

од Берта Китинска
299 прегледи

Недела неработен ден е уште реализирано ветување од страна на Владата предводена од СДСМ кое е во насока на унапредување на работничките права, кажа на прес-конференција на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

-Рамнотежата помеѓу личниот и професионалниот живот е важна, затоа со законските измени недела е дена за неделен одмор за 92 отсто од работниците.Останатите осум отсто кои работат во неделите, добиваат од 50 до 100 отсто повисоки дневници, а со тоа добиваат и повисоки месечни примања.Преку оваа мерка, во Буџетот се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.СДСМ останува посветена на грижа за работниците и унапредување на нивниот економскиот стандард.За само четири години минималната плата порасна за над 6.000 денари, односно од 9.000 на 15.200.Преку отворен дијалог со сите засегнати страни, наскоро ќе следува ново зголемување на минималната плата, вели Калеска Ванчева.

Слични содржини