Калеска-Ванчева за жените во политиката: СДСМ прави вистински чекори, кај останатите партии не го видовме тоа

од Nikola Popovski
246 прегледи

Во СДСМ се прават вистински чекори во оваа насока, но за жал можеби работите не се менуваат со посакуваната брзина, изјави пратеничката на СДСМ и претседателка на Форумот на жени на партијата, Снежана Калеска-Ванчева во дебатната емисија „24 анализа“, говорејќи на темата за улогата на жените во политиката.

Таа потенцира дека СДСМ го почна тој процес, направи статутарни реформи, формално правно и суштински преку кодексот и преку насоки влијаеше и влијае на менувањето.

-Ние почнавме од нашите редови во нашата партија, а за жал тоа не го видовме во другите партии, рече Калеска Ванчева.

Таа потсети дека додека не беа воведени квоти во изборниот законик парламентот беше костум -вратоврска и тук – таму понекоја жена, но со квотите почна разноликоста, а со тоа нашето општество не изгуби.

Слични содржини