Калеска-Ванчева: Законот за Изборниот законик не стои во фиока, СДСМ е за една изборна единица

од Nikola Popovski
297 прегледи

Законот за промена на Изборникот законик не стои во фиока, потенцира пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Пратеничката го повтори ставот на партијата за тоа колку изборни единици треба да има.

-Нашиот став е јасен, а тоа е една изборна единица и сметаме дека тоа е потребно за нашата партиска демократија. Исто така е познато дека за било која промена на Изборникот законик, потребен е консензус, во смисла на легитимност. Изборниот законик е за спроведување на фер избори, во кои сите чинители ќе имаат еднакви можности во трката, изјави Калеска-Ванчева.

Слични содржини