Калевска Ванчевска: Собранието може и мора да функционира

од Берта Китинска
607 прегледи

Собранието може и мора да функционира, работата беше прекината бидејќи тоа е пракса за сите избори, овојпат беа локални, иако пратениците немаа седници, сепак таа пракса ја применуваме за да не влијае работата на самата кампања, рече пратеничката од редовите на СДСМ и претседател на законодавно-правната комисија и член на комисијата за правен систем, Снежана Калевска Ванчевска во гостувањето на „Утински брифинг“.

-Законодавно правната комисија има најмногу работа и најмногу седници бидејќи сите закони и договори мора да се разгледаат, да се проверат, на пример иако немаше седници сепак пристигнуваа предлог закони, буџет итн, рече таа.

Калевска-Ванчевска посочи дека ќе мора да се направи верификација на нови пратеници за новите мандати на местата на оние кои станаа градоначалници, а утре ќе се одржи 51 седница која беше закажана пред изборите но не се одржа.

-Како што реков и во овој период стигнуваа законски решенија, па ќе има буџетска расправа, така што собранието е веќе во функција.Независно од која партија или пратеничка група припаѓаме, сепак 120 пратеници во парламентарната демократија за која се определивме пред 30 години мора да знаеме дека одговорноста е на законодавниот дом и немаме комоција да се однесуваме неодговорно, појасни таа.