Калфин: Одбивањето на протестната нота е преседан кој бил во координација со бугарското МНР

од Nikola Popovski
282 прегледи

„Немаше потреба да се прави проблем од оваа посета и фактот дека немаше знаме на Северна Македонија. Чисто протоколарно нема такво барање и затоа македонското барање нема основа. Не постои провокација. Нема за што извинување. Продолжуваат да користат реторика која е малку посилна од вообичаениот разговор. Мислам дека не треба да им обрнуваме внимание. Ова е измислен проблем“, изјавил поранешниот бугарски вицепремиер и екс-министер за надворешни работи, Ивајло Калфин за „bTV“ по отсуството на македонското знаме на средбата меѓу претседателите Гордана Сиљановска-Давкова и Румен Радев.

„Сепак при посета на официјална институција протоколот на претседателската администрација може да биде да се стави македонското знаме. Но немањето не е прекршување на правилата. Еден добар домаќин може да го направи тоа, но воопшто не е задолжително“, додал Калфин.

Според Калфин, одбивањето да се прими протестна нота е преседан, а според него тоа било координирано со тамошното Министерство за надворешни работи, па дури и на повисоко ниво.

„На крајот на краиштата, нота е изјава на една земја до друга. Не можеме да ја спречиме РСМ да даде каква било изјава, така што одбивањето да добие нота не значи дека нема таква реакција“, објаснил поранешниот шеф на бугарската дипломатија.

Според него, односите меѓу новите власти во Скопје и Бугарија започнаа доста „остро“.

„Тоа што има тензија и што новите скопски власти почнуваат на овој начин не е добар знак. Има нова комисија, нова програма, проширувањето ќе биде важна тема, но на крајот овие работи не се случуваат до сила. Претседателот и владата на РСМ почнаа да бидат доста остри кон Бугарија, ако некој бара да им одговориме со вакви гестови – не е баш најдобар начин. Имаме доволно добри аргументи, потпишан договор и имаме многу добра позиција“, истакнал Калфин, пренесува бугарски „Varna24“.

Колку за потсетување, вчера во нашето МНР беше повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава, Желјаско Радуков, за да му биде врачена протестна нота по случајот со неистакнувањето на македонското знаме на претседателската средба во Софија. Радуков, како што потврди МНР, одбил да ја прими протестната нота.

Слични содржини