Гласачите во Калифорнија се изјаснија за употреба на марихуана за забава во најбројната држава.
Повикувајќи се на прелиминарните резултати, од Стејт департментот најавија дека мерката била одобрена со повеќе од 55 отсто од избирачите.
Во Флорида над 70% од избирачите се изјаснија за легализација на марихуаната за медицински цели, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето.
Истовремено со гласањето за нов претседател, жителите на пет држави – Аризона, Калифорнија, Мејн, Масачусетс и Невада – одлучуваат дали да дозволат или не продажба на дроги за “забава”.
Други три држави – Флорида, Арканзас и Северна Дакота, решаваат за легализирањето на марихуаната за медицински цели.