Калиопи со потресна порака по убиството на Вања: „Прости ни девојче, сите сме виновни“

од Stefanija Kuzmanovska

По повод трагичниот случај со убиената четиринаесетгодишна Вања Ѓорчевски се огласија бројни јавни личности од земјава и регионот, а тоа го стори и нашата Калиопи.

Пејачката прво сподели фотографија со симбол кој претставува ожалостеност, а потоа на друга фотографија напиша:

„Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни… Затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца… Прости ни девојче… Прости ни Вања. Сочувство до семејството. Се друго е молк“.

По седумдневна потрага по убиеното девојче, Обвинителството во неделата на 3 декември соопшти дека е пронајдено безживотното тело на Вања, како и на 74-годишниот велешанец Панчо Жежовски, чие исчезнување било пријавил на 22 ноември. И двајцата биле убиени.

Слични содржини