Калиопи Букле, како и сите нејзини колеги, тешко ја прими веста за смртта на Ѓорге Балашевиќ.

Пејачката ја сподели својата тага  давајќи изјав за медиумите и додаде дека тажната вест ја пронашла во Белград, каде што ќе остане да се збогува со него.

„Нè напушти голем човек. Величина која е крунисана со вистинитоста на стиховите кои засекогаш ќе сведочат за него, нас и нашите животи… Во неверување ја примив веста за вечното заминување на Ѓорѓе Балашевиќ… збунета. Како мало дете на кое му е одземено детството. Тој беше дел од мојата младост, моето растење, стекнувајќи мудрост, поет на кој му верував“, вели Калиопи и додава:

„Во Белград ме затекна веста. И тука ќе се збогувам од него. Во Земјата која нѝ го подари него… на сите нас. Македонија отсекогаш го сакаше, а ги сакаше и тој Македонците. Многу сум тажна, но бескрајно благодарна што живеев во негово време. Ѝ се поклонувам на неговата поетска душа која сега патува во вечноста“.

Калиопи од Балашевиќ се збогуваше и преку Инстаграм, цитирајќи ги неговите стихови од песната „Напослетку“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Слични содржини