Камала Харис: Ако Трамп победи, Путин ќе седне во Киев

од Milan1
23 прегледи

Камала Харис, демократскиот кандидат за претседател на САД изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „ќе седне во Киев“ доколку победи нејзиниот републикански противник Доналд Трамп“.

„Трамп ќе ја принуди Украина да се предаде во борбата против агресорот, нарушувајќи го нејзиниот суверенитет. Ако Доналд Трамп стане претседател, Владимир Путин би седел во Киев“, рече Харис за време на предизборниот митинг во Мичиген.

Според неа, Трамп е лесен за манипулација.

„Диктаторите и автократите ширум светот манипулираат со него, па така лесно дозволува да биде манипулиран со ласкање и љубезност“, рече таа.

Харис тврди дека нејзиниот главен ривал во изборната трка е подготвен да капитулира пред конфликтот во Украина, како и да настојува да ја намали вмешаноста на Вашингтон во меѓународните работи.

„Да бидеме јасни по тоа прашање, особено во однос на Украина. Пристапот на Доналд Трамп би значел капитулација“, рече Харис.

Слични содржини