Камбовски: Бугарите веќе се внесени во Уставот како заедница

од Nikola Popovski
761 прегледи

Потребен е дијалог во кој ќе провладеат разумни аргументи. Не можеме во периодов да се водиме од страсти или стравувања, околу едно прашање кое не заслужува да предизвика таква бура во чувствата на луѓето, рече денеска академикот Владо Камбовски за уставните амандмани.

Како што вели, со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, тропаме на отворена врата, бидејќи тие веќе се внесени во Уставот како заедница.

-Во Преамбулата постои клаузула која зборува „и за други народи и заедници“. Во посебните одредби за правата на припадниците на заедниците, постои потполна изедначеност на сите заедници, било да се признати или не, рече Камбовски, пред конференцијата на тема: „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“.

Тој истакна дека е важно низ еден разумен дијалог, без политички калкулации и манипулирање и непотребен популизам, да се дебатира со аргументи во однос на чувствителни прашања.

Слични содржини