Камбовски: Оставките не се реформа во судството

од Nikola Popovski
26 прегледи

Првиот човек на Судскиот совет, Александар Камбовски потенцира дека не смее да се престане со правењето реформи во правосудството и смета дека минатите не вродиле со плод. Треба да се промени на начинот на правење на реформи и да се промени матрицата на размислување, вели тој.

Камбовски очекува судството да ја добие финансиската независност која што припаѓа согласно законот и Уставот, бидејќи, како што вели, не можеме да зборуваме за независност на судството доколку истото е зависно од некоја од другите власти.

-Судовите не се само зградите. Треба да бидат опремени, таму работат судии, персонал кој ги опсложува судиите. Се соочуваме со катастрофален недостиг на кадри. Судиите прават вонредни напори за да бидат ефикасни во своите постапки, рече денеска Камбовски по Судиската конференција.

Според Камбовски, оставките не се реформа во судството, тој вели дека реформа се прави со промена на закон, намалување на мандат, депрофесионализација на Судскиот и Обвинителски совет.

-Само персонални промени нема да донесат ништо…Кои ви се гаранциите дека новите членои ќе бидат подобри, праша претседателот на СС.

Слични содржини