Камбовски за сообраќајките со смртни последици: Ова не се решава со драконски казни, имаме подлабок и поголем проблем

од Nikola Popovski
184 прегледи

Случај кој што ја потресе цела држава. Сите изразуваме сочувства до семејството и не би сакал во вакви моменти на чувства кај сите граѓани, да се носат избрзани одлуки или некои заклучоци да се изведуваат, изјави претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски запрашан дали се мали казните за извршување на кривични дела како што беше усмртувањето на младата Фросина Кулавкова на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“. Најмалата казна според законодавецот е четири години, а може да биде и максимална до 20 години затвор.

Според Камбовски, тоа не е блага казна, но, се зависи од казните за какви што се одлучуваат судовите. Потреба е анализа кон какви казни се пристапува.

-Ова не се решава со драконски казни. Имаме подлабок и поголем проблем. Ова не е проблем само на благи казни и постапување на судот, туку на целото општество. Треба да размислиме што можеме да направиме за да не се случува во иднина, рече судијата.

За претходната казна за Васил Јованов изречена за претходното сторено кривично дело од страна на судијката Алексовска Стојановска, Камбовски вели дека не го знаел случајот и не сака да коментира додека не го види целиот предмет.

-Сигурно ќе се истражува, секаде ќе се разгледува и секаде каде што има пропусти, ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам некој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат, констатира првиот човек на Судскиот совет.

Слични содржини