Камбовски: Законот за ЈО да се донесе и по цена да ги одложи изборите

од Aleksandar Todeski
215 прегледи

Законот да се донесе и по цена изборите да се одложат еден месец, затоа што е важен за Република Северна Македонија, рече академик Владо Кабовски на јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство.

„Нема напредување без владеење на правото, а владеење на правото не е владеење на неисправни, туку на исправни закони“, рече академик Камбовски.

Тој потсети дека Специјалното јавно обвинителство се уште фигурира во правниот поредок и дека треба да се води грижа и за тој дел.

„Може да дојде на крајот моментот да не се грижиме за европската иднина, младите да си заминат и толку, но тоа не треба да биде така. Одредбите кои се однесуваат на избирањето на Јавни обвинители се максимум затоа што нешто повеќе би барало измени на Уставот“, додаде Камбовски.

А.Т.