Камбовски: Затворите се под меѓународните стандарди, не можете човек да го фрлите во такви услови

од Nikola Popovski
370 прегледи

Со донесувањето на Законот за амнестија, Собранието упаѓа во сферата на казнената политика со одредени корекции. Прашањето е дали Собранието и во која мера ќе ја користи својата уставна надлежност за давање на амнестија, со оглед дека таа е исклучок од правилото, вели академикот Владо Камбовски, кој е дел од Македонско пенолошко друштво.

Тој истакнува дека Парламентот треба да носи Закон за амнестија, кога за тоа има оправдани причини.

-Тие причини може да бидат различни, за да се поправат одредени неправедни ситуации, кога е донесен некој поблаг закон, затворите да се релаксираат ако нема соодветни услови, па дури и политички причини…Во случајов Собранието даде аргументи, а главниот е пренатрупаноста на затворите. Само околу 1500 кај нас се осудуваат на казна затвор, додека околу 3500, казните затвор се условни, посочува Камбовски во изјава за медиумите.

Aкадемикот е дециден дека нашите затвори се под меѓународните стандарди определени од Советот на Европа и ООН.

-Не можете човекот да го фрлите во такви услови, на лишување од слобода, кои се крајно нехумани. Тоа чувство за човековите права еволуира. Луѓето се повеќе се почувствителни во однос на правата, покрај слободата на мрежата. Правени се напори затворот да се употребува само како крајна мерка. Тешко се пробиваат тие иновации во нашата практика, рече Камбовски, мислејќи на пробацијата и куќниот затвор.

Слични содржини