Камчев и Јосифовиќ го смениле место на живеење во Охрид – ќе ја издржуваат ли казната во затворот во Струга?

од Берта Китинска
271 прегледи

Бизнисменот Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ, пред издржување на едногодишната затворска казна ги смениле адресите на живеење од Скопје во Охрид и сега ќе добијат нов упатен акт во установа, според местото на живеење.

„До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид. Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје.

Случајот „Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, и со него се опфатени Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа и други, коишто се осомничени за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Слични содржини