Камчев: Катица Јанева и нејзиниот син треба да бидат дел од обвинението

од Nikola Popovski
434 прегледи

Сведокот Орце Камчев во своето обраќање, во рамки на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, изјави дека во предметот недостигаат Зоран Милески-Кичеец, Катица Јанева и нејзиниот син и дека судот прави селективно обвинение.

Пред да сведочи, тој побара, но не му беше дозволено да биде изземен како сведок.

Тој посочи дека на обвинителната клупа фалат Катица Јанева и син и Лазар, оти на проектите кој му ги нудел Боки, стоел потписот на Лазар Јанев. Боки 13 дури му ветувал и 20 проценти субвенција од државата за проектот старечки домови, а му покажал и фотографии со премиерот Зоран Заев. Камчев смета дека власта била изманипулирана од Бојан Јовановски, а откако не прифатил да ги спонзорира неговите идеи, започнала тортурата против него.

„Кога Бојан Јовановски дојде со Милевски, тој договор беше условен дека со помош на Министерството за труд и социјална политика ќе биде побарана локација, каде што имаше сериозни врски. Се фалеше со слики од премиерот, а викаше дека 20 отсто од средствата ќе бидат субвенционирани од Министерството за труд и социјална политика. Ми кажа дека Охрид и Битола се зафатени, Карпош е бојкотиран. Додека купував време за својата слобода, кога го правев тоа што го правев за да те тргнам ‘из такво’, ти понудив два договора од 150.000 евра. Едната фактура од ‘Ок медија’ и една од ‘Систина’ се платени на ‘1ТВ’ за рекет. Во Македонија не постои телевизииска куќа со договор од 150 илјади евра, без прајмтајм-термини. Договорите се платени на твојата телевизија бидејќи проектот беше таков каков што беше. Јасна Мандиќ може да го потврди тоа“, вели Камчев.

Во случајот каде тој денеска беше спроведен за да сведочи, Боки 13 како претседател на „Меѓународниот сојуз“ е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Заменик-претседателката Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и асистентката на Боки, Христина Блажевска се обвинети за помагање во овие дела, а експратеничката Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама. Таткото на Боки, Миле Јовановски, пак, е обвинет за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Слични содржини