Камчев не може да излезе од притвор со кауција

од desk2
115 прегледи

Камчев не може да излезе од притвор со кауција Бизнисменот Орце Камчев кој е во притвор во истражниот затвор во Шутка не може со кауција да излезе од притвор, пишува Независен.

Неговиот адвокат во саботата поднел жалба на одлуката на судијата на претходна постапка на Камчев да му биде одреден триесет и дневен притвор. Судот треба да одлучи дали ќе биде прифатена жалбата на Камчев со која бара да му биде укинат притворот, а неговиот адвокат побарал да присуствува на јавната седница на којашто ќе се одлучува.

Сепак тој не може да понуди кауција за да излезе од притвор бидејќи, според одлуката на судот нему му е одреден притвор не само за опасност од бегство, туку и за можност за попречување на истрагата и влијание на сведоци. Неговиот адвокат Антонио Апостолски вели дека судот би прифатил кауција доколку на Камчев би му била одредена мерка притвор само по основа, опасност од бегство./Независен