Камчев: Од Боки 13 добив понуда за соработка на проекти и да платам реклама во неговата телевизија

од Vladimir Zorba
140 прегледи

„Од Боки 13 добив понуда за соработка на проекти и да платам реклама во неговата телевизија. Ми понуди бизнис проекти за старачки дом и бизнис центар“, изјави денеска во судот бизнисменот Орце Камчев, кој сведочи во случајот „Рекет“.

Обвинителката Вилма Рускоска го праша сведокот Камчев кога слушнал дека против него се води постапка.

– Август 2018 адвокатот Васил Димишков побара средба која се одржа во Систина. Тој ми сооошти дека сум под ПИ мерки. За соработката адвокатот ми побара 100 илјади евра, вели Камчев.

Адвокатот му ветувал дека ќе му ги ублажи сите мерки кои ќе му бидат изречени. И секоја услуга имала своја цена, вели Камчев.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ на денешното рочиште пред судот изјави дека неговата здравствена состојба е лоша, а тоа било утврдено од лекар.

– Чуствувам должност да ве информирам дека пред да бидам донесен бев на преглед кој кажа дека здравствената состојба ми е лоша, изјави на почетокот Јовановски.

Судијката пак Васка Николовска Масевска му посочи дека постои здравствена документација која ја покажува неговата состојба.

На денешното рочиште како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

Сведочењето на Камчев е во тек.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини