Камчев се врати во „Шутка“ по своите работи, не одговараше на новинарски прашања

од Nikola Popovski
397 прегледи

Бизнисменот Орце Камчев вечерва и официјално го напушти затворот во „Шуто Оризари“, откако скопска Апелација ја прифати неговата гаранција од 11 милиони евра, за да се брани од слобода.

Камчев не одговорил на прашањата на присуните новинари, туку директно влегол во автомобилот кој го чекал пред главниот влез на затворот.

Бизнисменот беше на лекување во болницата „Систина“, од каде излегол попладнево, доаѓајќи во затворот само за да си собере своите работи.

Камчев беше приведен на 14 март и потоа со решение на судија на претходна постапка однесен во притвор. Одбраната на осомничениот Камчев тврдеше дека сомневањата се неосновани од причина што на нивниот клиент претходно му биле одземени патните исправи и како гаранција дека немада се даде во бегство имал дадено и имот.

На Орце Камчев му се суди за предметот „Плацеви на Водно“.

Слични содржини