Камчев префрлен на Кардиологија

од Берта Китинска
322 прегледи

Бизнисменот Орце Камчев е однесен со Брза помош на Клиниката за кардиологија во Скопје, откако тоа го побарале неговите адвокати.

Според информациите во повеќето медиуми причината поради која Камчев бил префрлен во болница е  болки во градите,.

Бизнисменот веќе три месеци е во притвор, како осомничен во предметот “Плацевите на Водно”, а сега таму ќе остане уште нови 30 дена.Камчев досега три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Иако понуди гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, Апелацискиот суд го одби барањето со образложение дека и натаму има опасност од бегство.

Камчев на 16 јули треба да седне на обвинителна клупа кога започнува судскиот процес против него.

Слични содржини