Од XDA Developers успеале да се здобијат со интерфејсот EMUI 9, кој ќе дебитира со Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro. Двaта фаблети ќе бидат објавени на 16 октомври, а верзијата на истечениот во веб просторот фирмвер, е со датум 13 септември. Од анализата на кодови, може да се направат и некои заклучоци за режимите на снимање кои ќе бидат достапни на новите уреди на Huawei.

Првиот нов режим е за подводна фотографија. Според неговиот опис, тој мора да помогне во снимањето на чисти слики под вода. Со притискање на копчето за засилување на звукот на телефонот се стартува снимање на видео, а тоа за намалување ја прави сликата. Вклучувањето и исклучувањето на камерата се случува преку копчето за вклучување, а излегувањето од режимот оди со притискање и држење на копчето на екранот.
Сето ова, сепак, мора да се направи преку специјален непропустлива обвивка, каква ќе биде достапна од Huawei. Компанијата изрично предупредува дека штетата предизвикана со непочитување на упатствата нема да биде покриена со гаранцијата. Не е јасно дали функцијата ќе дебитира со Мате 20 или ќе дојде подоцна. Постоењето на овој режим, исто така, беше поддржан од нов видео тизер за кинескиот пазар, кој можете да го видите подолу.
Втората иновација е поврзана со вештачката интелигенција и се нарекува AI Cinema. Таа е очекувана, бидејќи уште при претставувањето на чипсетот Kirin 980 беше ставен посебен акцент на двојниот NPU чип во него, кој треба да помогне токму за такви задачи. Со анализата на софтверот е јасно дека AI Cinema ќе овозможи користење на различни филтри за ефекти во реално време при снимање на видео.
Друг нов режим е AI Zoom, но нема многу информации во верзијата на софтверот. Додатокот ќе се грижи за скалирање на видеото додека снимате, за субјектите секогаш да бидат центрирани. Од достапните информации се разбира дека за да работи AI Zoom, треба да се снима видео со резолуција најмалку 1080p, треба да е активиран режимот AI Cinema и да е исклучен оној за разубавување.
При Mate 20 и Mate 20 Pro популарните „боке“ ефекти ќе бидат достапни и при снимањето на видео со специјалниот нов режим Video Bokeh. Од софтверот станува јасно дека Huawei ќе понуди широк спектар на „боке“ ефекти за светлата во позадината – пример пеперутки, ѕвезди, ноти, срца, кругови и други.
https://youtu.be/YKFUVVuZISg