Камерите снимиле сe: Пијани фудбалери фатени во жежок клинч со четири девојки (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Скандал го тресе норвешкиот клуб Бран откако 12 фудбалери на овој клуб беа снимени како имаат секс со девојки што ги донеле на стадионот.

Се започнало многу учтиво кога играчите организирале вечера за тимот и запознавање со фудбалерите, кои штотуку пристигнаа во клубот. Сепак, друштвото претерало со алкохол, па на некој му текнало дека би било добро да „скокнат“ до стадионот.

Потоа, група од 12 фудбалери поканиле четири девојки на возраст од 20-тина години. На стадионот попуштиле сите граници бидејќи некои фудбалери имале односи со девојките, трчале голи низ теренот и симулираа славење голови. Фудбалерите претходно ги оставиле мобилните телефони за никој да не ги сними оргиите. Но, тие заборавиле едно – надзорни камери кои снимиле се, од односите до трчање голи фудбалери. Непослушната група пристигнала на стадионот по полноќ и останала до пет.

За да бидат работите уште полоши, Бран е на последното место во норвешкото првенство во полн ек и го следи грчевита борба за да опстане. Но, судејќи според првите изјави, клубот нема да ги казни непослушните фудбалери.

– Разговаравме со играчите, тие се извинија бидејќи знаат дека ги прекршиле правилата. Мислам дека повеќето луѓе мислат дека нивната казна е што јавноста сега знае што направиле. Сега треба да се концентрираме на важниот меч во недела – изјави генералниот директор на клубот Вибеке Јоханесен.

Слични содржини