Принцот и принцезата од Велс, Кејт и Вилијам, традиционално присуствуваа на доделувањето на Британските награди на Академијата (БАФТА) во Лондон.
И двајцата се дотераа за таа пригода. Вилијам носеше црн смокинг, додека Кејт заслепуваше во елегантен бел фустан до рамо.
Расположени и насмеани се прошетаа по црвениот тепих мавтајќи кон толпата, а камерите ги уловија во „лош“ момент.
Имено, Кејт на сред црвениот тепих спонтано му удри шлаканица на Вилијам по задникот, а видеото стана вистински хит на социјалните мрежи.
Обожавателите на кралската двојка забележале и дека Кејт пред тоа се обидела да го фати за рака Вилијам, но тој и се измолкнал.
Принцезата од Велс ја воодушеви јавноста бидејќи носеше модифицирана верзија на фустанот што го носеше на истиот настан во 2019 година, а фановите не им избега фактот што избрала обетки од Зара.