523
Сопругата на принцот Чарлс, војвотката Камила, денес прими вакцина против коронавирусот на „АстраЗенека“. Таа изјави дека не прашала за која вакцина станува збор, бидејќи не ѝ е важно.
„Не прашав ништо, бидејќи не можам да поднесам инекции. Само ги затворив очите и ги оставив да ме вакцинираат“, изјави британската војвотка.
Имунизацијата со „АстраЗенека“ е суспендирана од 13 земји на ЕУ поради извештаи за згрутчување на крвта кај околу 30 лица од вкупно 5 милиони вакцинирани, а Европската агенција за лекови започна истрага, но исто така рече дека не гледа причина за повлекување на претходната проценка дека таа вакцина е безбедна, пренесува „Ројтерс“.