Камион истура градежен шут во Охридското Езеро

од desk4
164 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како на стариот пат Охрид-Струга, камион истура земја или шут во езерото. Видеото предизвика негативни реакции и бројни коментари.

Инаку Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, и воедно претседател на Националната комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство, вчера одржаа заеднички брифинг за новинарите на кој ги презентираа активностите и напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО за охридскиот регион.

Адеми потенцираше дека Владата сериозно го интензивира процесот на имплементација за препораките на УНЕСКО и дека тие се спроведуваат согласно предвидената временска рамка.

„Се интензивираат комуникациите со УНЕСКО, на политичко и експертско ниво, нешто што недостасувало долги години наназад. Нацрт-планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат. Во транспарентен процес Планот ќе биде доставен на увид на јавноста на интернет страниците на Министерство за култура, на Министерството за животна средина и просторно планирање, и на општините Охрид и Струга, во траење од 60 дена”, информираше Адеми на брифингот со новинарите.

Слични содржини