Камион пропадна во дупка на плочникот на плоштадот „Македонија“.
Од Град Скопје за „Локално“, велат дека камионот неовластено влегол на плоштадот.
-Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции !, велат од Градот.
Ова не е првпат возило да пропадне на Плоштадот. Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски прваци.