Камион со дрва во текот на вчерашниот ден паднал во канал во Радишани, соопштија од Центарот за управување со кризи.
-По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата, додаваат оттаму.
Нагласија дека по завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот.
-До промена на смената на дежурниот во шумска полиција не е добиен одговор дали возилото е извадено од каналот, појаснуваат од ЦУК.